Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот.
Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт Пит Бутигег и дека треба да имаат предвид во наредните часови да сфатат што го предизвикало дефектот на системот.
– Ќе го средиме тоа во следните неколку часа. Дали е тоа сајбер напад? Ние не знаеме. Експертите се уште не ја знаат причината. Авионите сè уште можат безбедно да слетаат, но не можат да полетаат, рече Бајден.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер претходно на Твитер објави дека засега нема докази дека се работи за сајбер напад.
Федералната управа за авијација им нареди на авиокомпаниите да ги приземјат сите домашни летови најмалку до 9 часот по средноевропско време (15 часот по средноевропско време).
Досега, повеќе од 2.500 летови во САД, како и меѓународни летови, се одложени.