недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден се сретна со претседателот на Ирска, Хигинс, најавено негово обраќање пред Парламентот

Бајден се сретна со претседателот на Ирска, Хигинс, најавено негово обраќање пред Парламентот

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со неговиот ирски колега Мајкл Хигинс, пред неговото историско обраќање во ирскиот Парламент.

Се очекува, кога ќе им се обрати на членовите на двата дома на Парламентот, Бајден да ја претстави „заедничката визија“ за иднината на американско-ирските односи, објави „Блумберг“.

Бајден ќе учествува на церемонијата на садење дрвја и ѕвонењето на ѕвоното на мирот во официјалната резиденција на претседателот на Ирска. (МИА)