петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Баку тврди дека Ерменците гранатираат села околу Нагорно Карабах

Баку тврди дека Ерменците гранатираат села околу Нагорно Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека ерменската армија гранатирала шест нивни села околу Нагорно Карабах.

– Тие нè гранатираат, но ние соодветно одговараме, се вели во соопштението.

Пред десетина дена Баку тврдеше дека Ерменците ја гранатирале азербејџанската армија.

Од друга страна, официјален Ереван тврди дека воените сили на Азербејџан почнале акција против Нагорно Карабах, гранатирајќи населени места, вклучително и главниот град на областа, Степанакерт.

Двете страни пријавија жртви, меѓу кои имало и цивили.