Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната.
Барнс на настан организиран од Фајненшл тајмс во Вашингтон кажа дека „душевната состојба“ на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната,пренесуваат британските медиуми.
-Верувам дека сега е убеден дека интензивирањето ќе му овозможи да напредува, изјави Барнс.