недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бегството на Гани: На соработниците им кажал дека оди на состанок, а побегнал со хеликоптер за Таџикистан

Бегството на Гани: На соработниците им кажал дека оди на состанок, а побегнал со хеликоптер за Таџикистан

Откако талибанците пред два дена ја презедоа контролата врз Авганистан Би -Би -Си денеска разговараше со поранешната пратеничка Елеј Ершад, која во разговорот со британскиот јавен сервис поранешниот претседател Ашраф Гани го нарече „кукавица“ поради неговото бегство во соседен Таџикистан.

-Тој во неделата ја напушти претседателската палата со хеликоптер, а претходно на своите колеги им кажал дека оди на состанок со министерот за одбрана, рече Ершад.

“Толку сум лута што не можам да опишам со зборови. Ги напушти земјата и луѓето. Не знам зошто му верував и гласав за него”, додаде поранешната пратеничка во авганистанскиот Парламент, Елеј Ершад.

Соработник на досегашниот претседател вчера за Би -Би -Си кажа дека авганистанските лидери го замолиле Гани да ја напушти земјата за да се избегне крвопролевање, додавајќи дека сега поранешниот претседател планира еден ден да се врати во земјата.