Шокантни снимки десеттина дена по експлозиите во Бејрут ги покажуваат ужасните последици во градот.
Експлозиите кои го уништиле пристанишниот дел на Бејрут на 4-ти август, однеле повеќе од 170 животи, а околу 300.000 луѓе останале без кров над главата.
Штетата е огромна, па некои проценуваат дека достигнува околу 15 милијарди долари.
Фотографот и снимател Џони Азир направил снимка од либанската престолнина, 10 дена по експлозиите кои уништиле голем дел од градот.
Имено, тој со дрон снимил во каква состојба се градбите и улиците околу пристаништето, уништените домови на луѓето, а во позадина се слушаат гласови на луѓето кои тој ден биле во близина на експлозиите.
Ова е снимката која Азир ја нарекол “Ќе се издигнеме од пепелта”: