понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белата куќа до Конгресот достави документи за повлекувањето од Авганистан

Белата куќа до Конгресот достави документи за повлекувањето од Авганистан

Американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот достави доверливи документи за повлекување на силите од Авганистан, соопшти синоќа Белата куќа. Администрацијата на Бајден, исто така, објави документ во кој сумира дека повлекувањето било планирано и извршено, заклучувајќи дека не постои замисливо „сценарио“ освен задржување на зголемени американски воени сили во земјата за да се борат против талибанците.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, го бранеше начинот на кој беше извршено повлекувањето во времето на Бајден, потсетувајќи дека демократскиот претседател е обврзан со договорите потпишани од неговиот претходник Доналд Трамп со талибанците.

Повлекувањето на САД од Авганистан „отсекогаш било намера на претседателот“ Бајден, рече портпаролот.

Но, неспорно е дека одлуките донесени од претходната администрација и целосниот недостаток на подготовка значително ги ограничија достапните опции“, додаде Кирби. Бајден „не преговараше со талибанците. Тој не ослободи 5.000 затвореници. Тој не ја намали воената сила во Авганистан на 2.500 или не склучи договор со талибанците да не ги напаѓаат нашите војници“, додаде тој.