понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белата куќа домаќин на конференција за борба против софтвер со кој се бара откуп

Белата куќа домаќин на конференција за борба против софтвер со кој се бара откуп

Белата куќа денеска и утре ќе биде домаќин на втората меѓународна конференција за борба против Ransomware – „штетен софтвер со кој се бара откуп“, на која ќе присуствуваат 36 земји, како и претставници од некои од најголемите светски компании.

Минатогодишниот состанок се одржа онлајн поради пандемијата. За овогодинешниот официјални лица ќе бидат со физичко присуство во Вашингтон, изјави висок функционер на американската администрација.