четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белата куќа ќе воведе забрана за користење лични мобилни телефони во Западното крило

Белата куќа ќе воведе забрана за користење лични мобилни телефони во Западното крило

Белата куќа од следната недела ќе воведе забрана за користење на личните мобилни телефони на вработените и посетителите во Западното крило, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сендерс.

Таа појасни дека одлуката е донесена заради безбедност, а не поради загриженост во врска со протекување информации.

– Сите вработени ќе мора да ги извршуваат своите работни задачи на телефоните што им ги дава Владата на САД, изјави Сендерс.

На влезот на Западното крило на Белата куќа ќе биде поставена остава за личните мобилни телефони.