петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белгиските власти спречиле терористички напад во Франција

Белгиските власти спречиле терористички напад во Франција

Белгиските власти во текот на изминатиов викенд спречиле нов терористички напад во Франција, при полициска операција спроведена во источните предградија на Брисел.

Како што објавија денеска белгиските медиуми повикувајќи се на анонимни извори, полицијата при акцијата открила подготвена автомобил-бомба, која според полициските сознанија, требало да биде искористена за напад врз собир на иранска опозициска група во близина на Париз.

Според истите извори, во врска со овој случај се приведени двајца Иранци, кои имале документи за престој во Белгија.

Белгиските власти засега не ги потврдија ваквите информации.