среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Белорускиот опозиционер Цепкало во отсуство осуден на 17 години затвор

Белорускиот опозиционер Цепкало во отсуство осуден на 17 години затвор

Белорускиот суд денеска во отсуство го осуди на 17 години затвор опозицискиот лидер и поранешен сојузник на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Валериј Цепкало.

Цепкало беше прогласен за виновен, меѓу другото, за формирање екстремистичка група, дискредитација на белоруската држава, повикување на преземање на власта во Белорусија, клевета и навреда на претседателот на државата.

Врз основа на пресудата, Цепкало ќе треба да плати околу 14.000 долари отштета, а му е забрането да извршува јавна функција во следните пет години.

Цепкало во јули 2020 година избега во Русија со своите двајца синови, плашејќи се дека ќе му бидат одземени.