сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бен Волас нема да се кандидира за лидер на британската Конзервативна партија

Бен Волас нема да се кандидира за лидер на британската Конзервативна партија

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас, еден од фаворитите за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, денеска изјави дека одлучил да не се кандидира за позицијата лидер на Конзервативната партија.

„По внимателно разгледување и разговори со колегите и семејството, донесов одлука да не се кандидирам за лидер на Конзервативната партија“, напиша Валас на Твитер.

„Изборот не беше лесен, но мојот фокус е на мојата сегашна работа и на безбедна оваа голема земја“.

Џонсон поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по бранот оставки на министри и високи функционери на британската влада, но ќе остане како британски премиер додека не се избере нов партиски лидер.

Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак засега ја објави својата кандидатура за наследник на Џонсон.