Бомба тешка 500 килограми од Втората светска војна, откриена во источниот дел на Берлин, беше деактивирана вечерва откако беа евакуирани 15 илјади луѓе од 27 станбени блокови, соопшти полицијата.
Евакуацијата опфати преместување на станарите од три дневни центри, три училишта, дневен престој по настава и продавници, пренесе ДПА.
Полицијата на Твитер објави дека бомбата е деактивирана.
Работниците ја открија бомбата од Втората светска војна на тениско игралиште во вторникот. Во евакуацијата учествувале околу 350 полицајци.