недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Берлускони хоспитализиран на Интензивна нега во Милано

Берлускони хоспитализиран на Интензивна нега во Милано

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е пренесен во болница, јави ДПА, повикувајќи се на медиумски извештаи.

Според новинската агенција „Аднкронос“, 86-годишниот парламентарец од денеска е во одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во северниот град Милано.

Новинската агенција АНСА исто така објави за хоспитализацијата на поранешниот премиер.

Засега нема официјална потврда од семејството на политичарот и медиумски претприемач или од неговата партија Форца Италија.

Берлускони минатата недела беше четири дена во болница, каде според официјално соопштение, вршел одредени испитувања. Од болница излезе во четвртокот.