среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Берлускони има леукемија

Берлускони има леукемија

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му е дијагностицирана леукемија, изјави во четвртокот извор близок до италијанскиот политичар.

Изворот го потврди извештајот на Corriere della Sera кој објави за болеста на Берлускони/

Тој од средата е на интензивна нега во кардиолошкото одделение на миланската болница „Сан Рафаеле“, откако имал проблеми со дишењето.

Милијардерот, кој своето богатство го стекна со комерцијална телевизија, во последниве години често завршуваше во болница поради здравствени проблеми.