недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Берлускони сака да продолжи да ја води партијата и покрај возраста и болеста

Берлускони сака да продолжи да ја води партијата и покрај возраста и болеста

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека сака да продолжи да ја води конзервативната Форца Италија, една од партиите во десничарската коалициска влада, и покрај неговата болест и возраста.

Берлускони, (86) за весникот „Кориере дела сера“ денеска изјави дека раководството на партијата „не било само“ за време на неговиот 45-дневен престој во болница.

– И тие нема да бидат сами, бидејќи секако ќе продолжам целосно да ги извршувам моите одговорности како основач и претседател на Форца Италија, како што правев секогаш, додаде тој.

Берлускони беше пуштен од болница минатиот петок. Тој беше примен во болница на почетокот на април поради пневмонија и исто така се лекуваше од хронична леукемија. Тој беше на интензивна нега околу две недели.

– Беше тешко, но секогаш бев самоуверен, рече Берлускони и нагласи дека сега му е подобро. (МИА)