недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Берни Сандерс имал срцев удар (ВИДЕО)

Берни Сандерс имал срцев удар (ВИДЕО)

Американскиот демократски кандидат Берни Сандерс претрпе срцев удар на почетокот на оваа недела, објавија неговите лекари во петок, опишувајќи ја неговата здравствена состојба во многу посериозно светло од претходно.

Сандерс (78) во вторникот ги откажа сите изборни настани, откако почувствувал силна болка во градите. Потоа, бил подложен на оперативен зафат со кој се третира блокирана артерија и му се вградени два стена кои помогнале да се отвори крвниот сад.

Неколку часа подоцна, неговата кампања повторно е започната, а неговата сопруга во четвртокот објави дека Сандерс ќе учествува на четвртата демократска расправа на 15 октомври.

Но, во петокот, откако Сандерс ја напушти болницата, неговите лекари кои го лекува го претставија случајот во многу посериозно светло.

„Откако доживеа силна болка во градите, на сенаторот Сандерс му беше дијагностициран миокарден инфаркт“, се вели во изјавата на Артуро Марчанд и Арџун Гурурај, користејќи се со медицинскиот термин за срцев удар.

Двајцата лекари изјавија дека „сите други артерии“ се нормални и Сандерс е отпуштен со упатства кои треба да ги следи со помош на својот личен лекар.

Соопштението, објавено од кампањата на Сандерс, би можело да предизвика нови прашања за возраста и здравјето на Сандерс, додека тој се бори за номинација во рамките на сопствената партија за да стане демократски кандидат кој во 2020 ќе се соочи со американскиот републикански претседател Доналд Трамп во кампањата за претседателски избори.