Гаетан Дига бил згоден, духовит и полн со живот. Оние што го познавале зборувале дека бил убеден дека еден ден ќе стане ѕвезда. Станал познат, но од погрешни причини.
Во 1987 година, три години откако умрел од сида, неговиот лик можел да се види ширум Америка.
Идентификуван е како нулти пациент, првиот заболен одговорен за епидемијата која предизвикала смрт на 700.000 луѓе. Во еден наслов го опишале како „монструмот, кој нè зарази со сида“.
Стјуардот од францускиот дел на Канада никогаш не ги криел своите сексуални склоности, ниту пак се правдал поради својот сексуален живот. Спиел со дури 250 мажи годишно.
Но, за несреќа, бил обвинет неправедно поради бизарна комбинација на фактори.
Кон крајот на 70-те и почетокот на 80-тите години на минатиот век, Дига летал за авиокомпанијата „Ер Канада“, каде што имал прилика да запознае голем број сексуални партнери.
Американскиот центар за контрола на болести разговарал со неколку заразени во Калифорнија и во Њујорк во 80-тите години. Еден од нив рекол дека имал секс со стјуард со акцент, а другиот ја покажал визит-картата на Дига.
На Дига му се јавиле од центарот, а тој, за разлика од другите, покажал голема подготвеност за соработка: дозволил да му извадат крв и ги дал имињата на своите сексуални партнери.
Во белешките е запишан како пациент 57. Во 1984 година бил еден од 700.000 Американци кои умреле од сида.