Таблетите калиум јодид ќе бидат дистрибуирани неделава за граѓаните во Романија, јавија романски медиуми.
Шеесет и пет милиграми калиум јодид ќе треба да се земе при случај на нуклеарна несреќа, но, само според упатството на властите во Романија.
Таблетите и информации за нивна правилна употреба ќе бидат достапни бесплатно во аптеки низ државата. (МИА)