петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бездомник завршил во болница, кучињата скитници за кои се грижел со часови го чекале надвор

Бездомник завршил во болница, кучињата скитници за кои се грижел со часови го чекале надвор

Медицинската сестра од Бразил, Крис Мампим минатата недела била ноќна смена во болницата Алто Вале, кога бездомник со име Цезар дошол на лечење. Додека Цезар ја примал терапијата, сестрата забележала чудни гости пред вратата на болницата.

Тоа биле четири загрижени кучиња, кои го чекале својот сопственик. Од разговорот со Цезар, Крис дознала дека кучињата се негови и дека се грижи за нив и им го олеснува животот на улица. Медицинската сестра забележа дека кучињата се во добра состојба и не изгледаат ненахрането како повеќето кучиња, кои се на улица.

Цезар потоа признал дека често се откажал од оброкот за да им даде оброк на своите крзнени пријатели. Целата ситуација и станала уште појасна, бидејќи кучињата се навистина најдобри пријатели, а ако земаш од својата уста за да ставиш во нивната, бидете сигурни дека ќе ве следат каде и да одите.