Листата на Форбс на најбогати луѓе во светот ги ажурираше најновите податоци за 2018 година, но и натаму на прво место е основачот на Амазон Џеф Безос. Богатство на основачот на фирмата за онлајн трговија во периодот од 2016 до 2017 година речиси го удвои богатството со над 100 милијарди долари. Имотот на Безос сега се проценува на 112 милијарди долари.
Веднаш зад него е Бил Гејтс, коосновач на софтверската компанија Микрософт, со проценето богатство од 90 милијарди долари.
На трето место е инвеститорот Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 84 милијарди долари. Најголем дел од богатството му е благодарејќи на мнозинската сопственост над корперацијата Беркшир Хетвеј.
Претседателот на ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy), Бернар Арно е четвртиот најбогат човек во светот со 72 милијарди долари. Но и тој се најде и на листата на најголеми губитници, бидејќи годинава му се намали богатството за 735 милиони долари.
На петто место е сè побогатиот Марк Закерберг, коосновач на најпопуларната социјална мрежа во светот Фејсбук, со богатство од 71 милијарда долари.