вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Би-Би-Си: Ким Џонг Ун се плаши да не заврши како Гадафи

Би-Би-Си: Ким Џонг Ун се плаши да не заврши како Гадафи

Зад одлуката на Северна Кореја да се повлече од разговорите со јужниот сосед стои стравот на Ким Џонг Ун да не заврши како Моамер ел Гадафи, пишува Би-Би-Си.

Пјонгјанг поради вежби на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави се закани дека нивниот лидер Ким Џонг Ун ќе се откаже од самитот со американскиот претседател Доналд Трамп. Би-Би-Си пишува дека Пјонгјанг го алармирале советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.

Аналитичарите сметаат дека вежбата го вознемири Пјонгјанг поради познатата судбина на либискиот лидер, бидејќи Моамер ел Гадафи кој беше тргнат од власта и брутално убиен.

Би-Би-Си наведува дека острото соопштение кое го потпишал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван, учесник во претходните преговори со Вашингтон веројатно имал поддршка од лидерот Ким, а во него ги обвинуваат САД дека даваат непромислени изјави и оти кријат злобни намери.

Би-Би-Си пишува дека потписникот на соопштението кое го објави севернокрејската државна агенција КЦНА го вперил прстот директно во Болтон.

-Во минатото веќе ги видовме квалитетите на Болтон и не ја криеме одвратноста која ја чувствуваме кон него, порача Ким Кје-гван.

Според британскиот медиум, воената вежба на Сеул и Вашингтон се случува неколку пати годишно, но редовно ја разбеснува Северна Кореја. Пентангон соопшти дека воената вежба со Јужна Кореја е рутинска и има исклучиво одбранбен карактер.