Соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс донира 20 милијарди долари во хуманитарна фондација која ја води заедно со поранешната сопруга, Мелинда Гејтс за да ги зголемат годишните исплати.
Донацијата ќе и помогне на Фондацијата, која е една од најголемите приватни хуманитарни фондации во светот, да ги зголеми годишните исплати за 50 проценти на девет милијарди долари до 2026 година.
-Големи кризи во нашите времиња од сите нас бараа да направиме нешто повеќе, напиша Гејтс мислејќи на војната во Украина, климатските промени и ковидпандемијата.