петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бил Гејтс: Теориите на завери за мене се налудничави

Бил Гејтс: Теориите на завери за мене се налудничави

Милијардерот и еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејтс во интервју за Би-Би-Си вели дека теориите на завери за него се налудничави и дека е „ужасно“ тоа што луѓето викаат на него на улица.

Тој говорел и за неодамнешната критика која јавно му ја упати на Илон Маск кој пак сега ја носи титулата најбогатиот човек на светот. Двајцата не се во добри односи.

Управниот одбор на Твитер неодамна ја прифати понудата од 44 милијарди долари на Маск за купување на компанијата. Гејтс прашан што мисли за ова, вели дека е можно Твитер да стане полош.

-Но, може и да се подобри. Мојот став е дека морам да почекам, па да видам, вели Гејтс.