сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Биткоинот во црвено – уште една корекција на пазарот на дигитални стоки

Биткоинот во црвено – уште една корекција на пазарот на дигитални стоки

Пазарот на криптовалути изгуби 3,9 отсто од својата вредност во последните 24 часа, а според податоците на веб-страницата Коингеко, пазарната капитализација е 1,84 трилиони долари.

Биткоинот од утрово се движи околу 39.000 долари, што значи дека паднал за околу 6 отсто. Поточно, моментално се тргува по 39.093 долари.

Етереумот исто така падна и моментално вреди 2654 долари и се тргува по цена која е за 2,9 отсто пониска од вчера.