недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блокади на годишницата од референдумот во Каталонија

Блокади на годишницата од референдумот во Каталонија

Активисти кои поддржуваат отцепување на Каталонија од Шпанија на денешната годишнина од референдумот за независност на овој шпански регион, блокираа главни и локални патишта, железнички линии и авении.

Повикот за протести го упатија „Комитети за одбрана на Републиката“, локални групи активисти кои беа формирани после референдумот во Каталонија на 1 октомври минатата година.

Пред два дена, во судири меѓу каталонски сепаратисти и полицијата во Барселона беа повредени десетина лица, а шестмина беа уапсени. (МИА)