Боинг 737 Макс, приземјен во средината на март по двете трагедии во кои загинаа 346 лица, нема да започне повторно да лета пред 2020 година, изјави денеска шефот на Американската сојузна агенција за авијација (ФАА), Стив Диксон.
– Постојат неколку процедури, важни етапи кои треба да се поминат и ако пресметате дека секоја фаза трае одреден период, тоа ќе продолжи во 2020 година, изјави Диксон.
Тој рече дека ФАА е критикувана за сертифицирање на одредени клучни системи на „Боинг Макс“, вклучително и софтверот МЦАС, кој се смета за одговорен за несреќите и „нема намера да брза, сè додека не ги разгледа темелно промените што Боинг ги воведе во авионот“.
Прво треба да се одобри новиот систем МЦАС, потоа да се спроведе тест-лет за да се утврди дека сите системи функционираат правилно, а потоа да го одобрат потребниот пилот-тренинг.