Авио-компанијата „Боинг“ издаде соопштение во кое се наведува дека ширум светот приземјени се над 50 авиони откако бил откриен дефект кај крилата на авионите.
Највисокото раководство на команијата призна дека се направени сериозни грешки во врска во безбедноста.
Се е откриено за време на сведочењето на Денис Мујленберг, кој е директор на американската авио-компанија, а пред парламентарниот одбор на САД во средата.
Тој истакнал дека компанијата направила сериозни грешки во врска со клучниот безбедносен систем познат како MCAS.
-Јас сум одговорен. Две несреќи се случија за време на мојот мандат. Се чувствувам одговорно, истакнал директорот.
Двете несреќи за кои директорот говорел се поврзани со падот на „Боинг“ авионите “737 MAX 8” за помалку од шест месеци што сериозни ја загрози репутацијата на компанијата. Станува збор за големи авионски несреќи, пад на авионот „Етиопиан ерлајн“ во кој загинаа 157 лица во март и падот на авионот кој го купила Индонезија во која животот го загубија 189 лица.