среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари

Американската компанија Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари за поддршка на антибалистичката ракетна програма на Агенцијата за заштита од проектили при американското Министерство за одбрана.

Со договорот се предвидува Боинг да ги спроведе инженерската и физичката и логистичката интеграција на компонентите ГМД (Ground-based Midcourse Defense) при Агенцијата за заштита од проектили во системот за противракетна одбрана на земјата, пишуваат американски медиуми.

По добивањето на договорот, Боинг соопшти дека програмата на компанијата се заснова на децениско искуство кога станува збор за интеграции на системи за оружје.

Меѓу другото, компанијата ќе спроведува и рутинско одржување, анализа и проверки на дефекти.

Голем дел од работите ќе бидат извршувани во погонот на Боинг во Хунтсвил во сојузната држава Алабама. (МИА)