Најмалку 43 земјоделци вчера се убиени во нападот на џихадистите од Боко харам во североисточна Нигерија.
-Пронајдовме 43 безживотни тела и шест лица тешко повредени, соопшти нигериската полиција.
Осум земјоделци се водат како исчезнати и се претпоставува дека се киднаприрани од припадниците на џихадистичката група.
Нападот се случил во оризово поле на 10 километри од Мајдугури, главниот град на нигериската сојузна држава Борно.
Во соопштението од полицијата се истакнува дека „нема сомнеж оти нападот е дело на Боко харам“. (МИА)