четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боливиската претседателка се повлекува од изборната трка

Боливиската претседателка се повлекува од изборната трка

Привремената конзервативна претседателка на Боливија, Жанин Анез ја повлече својата кандидатура за изборите на 18 октомври, откако стана јасно дека според анкетите таа заостанува зад Социјалистичката партија на поранешниот претседател Ево Моралес.

Анез го објави ова во видео порака.

Таа ја презеде функцијата за време на вакуумот на власта кон крајот на минатата година, по изборите што предизвикаа масовни протести и доведоа до оставка на долгогодишниот лидер Моралес.

Кандидатурата на Анез предизвика контроверзи, откако првично ја отфрли и вети дека ќе ја води земјата до нови транспарентни избори. Во анкетите води социјалистичкиот кандидат Луис Арсе, а го следи центристот Карлос Меса.