недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бомбаш самоубиец усмртил најмалку 8 војници во Авганистан

Бомбаш самоубиец усмртил најмалку 8 војници во Авганистан

Бомбаш самоубиец со камион се залетал во воен конвој и усмртил најмалку осум авганистански војници, соопшти министерството за одбрана.

Уште девет војници се ранети во нападот кој се случил во провинцијата Мајдам Вардак.

Се уште никој не преземал одговорност за нападот, но талибанците и припадниците на локалната Исламска држава веќе рутински вака ги напаѓаат авганистанските безбедносни сили, пишува „АП“.

Талибанците ги зачестиле нападите ширум Авганистан и покрај потпишувањето на мировниот договор со САД во февруари.

Договорот е потпишан со цел да се отвори пат за разговори помеѓу побунениците и авганистансите власти, со што би се создале услови за окончување на повеќедецениската војна.

Разговорите требало да започнат овој месец, но процесот запрел поради бавното спроведување на договорот за ослободување на затвореници.

Со мировниот договор авганистанските власти се обврзале да ослободат 5.000 заробени талибанци во замена за 1.000 заробени припадници на властите од страна на талибанците.

До сега владата ослободила повеќе од 4.200 луѓе, а талибанците околу 800.