вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел го поздрави доделувањето на наградата Сахаров на украинскиот народ

Борел го поздрави доделувањето на наградата Сахаров на украинскиот народ

Шефот на ЕУ дипломатијата реагираше на одлуката на Европарламентот оваа година да ја додели наградата Сахаров на украинскиот народ.

Наградата Сахаров се доделува секоја година за слобода на мисла.

-Украинскиот народ храбро ја брани својата слобода и своето право да постојат како Украинци во своја суверена држава, тие се борат за споделени универзални вредности врз кои е изградена Европа, рече Борел.

Тој додаде дека нивниот отпор е херојски и дека ја плаќаат ултимативната цена за својата слобода.

-Со оваа награда ЕУ е почестена што ги наградува нивното достоинство и отпорност кои ги покажаа во последните месеци.

Тој повтори дека ЕУ цврсто стои со Украина и нејзиниот народ и ќе продолжи да пружа воена, социјална и економска помош онолку време колку што ќе биде потребно.