сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел призна: ЕУ не може целосно да се изолира од Русите

Борел призна: ЕУ не може целосно да се изолира од Русите

Шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ ќе го регулира протокот на руски граѓани кои доаѓаат во земјите од европскиот блок, но дека не може целосно да се изолира од Русите, пренесе РИА Новости.

– Слушнав приказни дека Русите нема да станат поголеми демократи затоа што дошле кај нас и дека затоа нема потреба да им се издаваат визи. Но, не можеме да им забраниме на руските граѓани да доаѓаат кај нас, во нашите земји – тоа не е она што ЕУ-министрите велат дека е договорено во Прага на 31 август, рече Борел на прес-конференција во Прага.

Истовремено, тој нагласи дека земјите од ЕУ кои граничат со Руската Федерација самите ќе го регулираат влезот на руските граѓани.

Според медиумите, министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август се согласија да го суспендираат визниот договор со Русија од 2007 година, што им олеснува на Русите да добијат туристички визи.