недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Борел: Путин веруваше дека ќе ја освои Украина, НЕ успеа

Борел: Путин веруваше дека ќе ја освои Украина, НЕ успеа

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „верувал дека ќе ја освои Украина“, но „не успеал“.

-Веруваше дека ќе нè подели, но не успеа. Тој веруваше дека ќе ги ослаби трансатлантските односи и не успеа. Сега мора да престане, додаде тој во изјава пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Версај, Франција.

Борел рече дека европските земји ќе бидат „многу побезбедни“ откако ќе ја намалат нивната зависност од рускиот извоз на енергија.  (МИА)