Русија го става светот во опасност од глад преку блокадата на на пратките со жита од Украина и ограничувањата на сопствениот извоз изјави првиот дипломат на ЕУ. Според Жозеп Борел, руската блокада на украинското жито е еден вид воено злосторство. Русија тврди дека Украина ги кочи соптвените испораки на жито по морски пат, бидејќи одбива да ги деминира пристапите до пристаништата. За глобалната криза со храна предизвикана од војната во Украина, денеска во Луксембург разговараа министрите за надвоврешни работи на ЕУ. Русија пак ја повика ЕУ да ја поправи ситуацијацијата со транпортната блокада на руската енкалва Калининград . Викендов Литванија почна да ги спорведува санцкиите на ЕУ и забрани транзит на руски производи во Калининград.
Доколку во блиска иднина транзитот на товар меѓу Калининградската област и остатокот од територијата на Руската Федерација преку Литванија не биде целосно обновен, тогаш Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на своите национални интереси порача Руското Министерство за надворешни работи.