четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борел во дводневна посета на Грузија

Борел во дводневна посета на Грузија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска и утре ќе престојува во посета на Грузија.

Предвидено е Борел да се сретне со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, со премиерот Иракли Гарибашвили, шефот на дипломатијата Илија Дарчијашвили, како и со претставници на парламентарните политички партии и на невладиниот сектор.

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, оваа прва официјална посета на Борел на Грузија во својство на висок претставник на Унијата ќе биде можност за разговор со грузиските претставници за напредокот на евроинтеграцискиот пат на земјата, за случувањата на пошироката надворешно политика сцена, како и за регионални прашања.

За време на посетата на Борел на Тбилиси ќе биде одбележана и 15-годишнината од формирањето на Набљудувачката мисијата на Европската унија во Грузија (ЕУММ), која, како што се наведува во соопштението, претставува одраз на посветеноста на ЕУ на безбедноста на земјата и на решавање на конфликтите по мирен пат. Во рамки на одбележување на годишнината, Борел ќе присуствува во активности на ЕУММ, чии припадници се распоредени на административната линија на разграничување на Грузија со сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.