четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон во посета на Индија

Борис Џонсон во посета на Индија

Британскиот премиер Борис Џонсон пристигна во Индија во дипломатска мисија за да го убеди индискиот премиер Нарендра Моди да ги поддржи западните санкции против Русија.

Тие ќе разговараат и за голем број други стратешки партнерства.

– Посетата ќе ги продлабочи стратешките трговски, одбранбени и врските меѓу луѓето меѓу нашите две земји, рече Џонсон пред парламентот пред да замине од Лондон.

Индија одби отворено да ја осуди руската инвазија врз Украина поради нејзината зависност од увоз на руска енергија, земјоделски стоки и воена опрема.