вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боздаг: Грција го крши меѓународното право поради турските војници

Боздаг: Грција го крши меѓународното право поради турските војници

Турција денеска ја обвини Грција дека го крши меѓународното право со тоа што не ги екстрадира осумте турски војници, за кои Анкара верува дека го поддржале неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.

Турските војници по обидот за преврат пребегнаа во Грција и побараа политички азил.

Портпаролот на турската Влада Бекир Боздаг апелираше до Грција да престане со „провокативните чекори“ за да избегне „несакани настани“ во Егејско Море.

Турција и Грција имаат спор за неколку мали острови во Егејско Море.

МИА