вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бразилски војници доставија заштитни маски на племињата во Амазонот

Бразилски војници доставија заштитни маски на племињата во Амазонот

Бразилските војници денеска им доставија заштитни маски на припадниците на племето Јаномами кое живее во Амазон.

Денеска е втор ден од воените операции во областа, чија цел е заштита на домородното население на Бразил од Ковид-19.

Јаноманците го сочинуваат домородното население на Бразил, кое живее во тропските шуми на Амазон, каде што е потврден коронавирусот во десетици домородни заедници.

Властите соопштија дека Јаномамите првично биле исплашени и недоверливи спрема припадниците на службите што дошле на терен, но дека подоцна тие ја стекнале довербата на племето и дека целата операција поминала добро.

Медицинскиот персонал им мерел температурата на луѓето од Јаномами, а биле извршени и брзи тестови за коронавирус.

Досега се потврдени околу 1,5 милион случаи на Ковид-19 во Бразил, а починаа повеќе од 60.000 луѓе. (MИА)