среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бразилскиот претседател Болсонаро пуштен од болница без да прави операција

Бразилскиот претседател Болсонаро пуштен од болница без да прави операција

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска соопшти дека е отпуштен од болница, каде беше примен пред три дена поради интестинална опструкција.

– Сега ме отпуштаат. Ви благодарам на сите, напиша Болсонаро на Твитер, објавувајќи фотографија на која тој и лекарите се со палците нагоре, пренесуваат британските медиуми.

Болсонаро беше примен во болница во неделата откако добил болки во стомакот.

Медиумите подоцна објавија дека тој нема да мора да оди на операција бидејќи добро реагирал на лекувањето.

Бразилскиот претседател претходно изјави дека ова е негова втора хоспитализација „со истите симптоми“, откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во септември 2018 година.

Болсонаро во болница беше примен и во јули минатата година поради истите симптоми, кога, исто така, закрепна без операција. (МИА)