Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација.
Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во однос на доларот, што е најниско ниво во последните 37 години, пренесува Бета.
Трас вчера вети дека ќе ја обнови економијата и ќе ја „надмине бурата што ја зафати земјата“, што е многу предизвикувачка работа.
Таа наследи економија во проблеми на работ на потенцијално долга рецесија со рекордна инфлацијата која според прогнозите ќе се влоши во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат владина помош за да се справат со астрономските сметки за енергија.