Лиз Трас вчера објави дека се повлекува од премиерската функција зашто „не била во можност да ги спроведе политиките од владината програма“ Таа објави дека го информирала кралот Чарлс Трети дека се повлекува од челото на Конзервативната партија, отворајќи пат да биде избран нејзин наследник и во партијата и во владата. Трас објави дека ќе остане премиерка до изборот на нејзиниот наследник, што очекува да се случи „во следната недела“.
– Разбирам дека во ваква ситуација не можам да го испорачам мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија – изјави Трас во кусо обраќање пред резиденцијата на Даунинг 10.