Британската влада планира да го удвои бројот на своите војници во Авганистан, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара засилување, со цел да се помогне во борбата со лошата безбедносна ситуација во таа земја.
Британската премиерка Тереза Меј најави дека владата ќе испрати дополнителни 440 војници, што значи дека Британија ќе има вкупно 1100 војници во таа земја, кои им помагаат на авганистанските колеги во борбата против ИД.
Дополнителните 440 војници ќе учествуваат во мисија- обука која ја предводи НАТО, под името „Одлучна поддршка“, за да ги обучат авганистанските војници и да им помогнат.
Нивата база ќе биде во Кабул и тие нема да имаат „борбена улога“. Британските војници ги прекинаа борбените операции во 2014 година.
МИА