четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британскиот Парламент почнува расправа пред гласањето за планот за Брегзит

Британскиот Парламент почнува расправа пред гласањето за планот за Брегзит

Британските пратеници денеска почнуваат дебата за условите за излез на Велика Британија од Европската унија, која ќе трае пет дена, а на 11 декември ќе се гласа со што ќе се одреди иднината на земјата и на премиерката Тереза Меј.

Договорот за излез од ЕУ е резултат на 17-месечни тешки преговори, и Меј го претстави како „најдобар можен“. Денешната дебата ќе ја почне токму премирката Меј.

Текстот на договорот сепак предизвиква несогласувања меѓу пратениците од сите политички сили – опозициската Лабуристичка партија, проевропската партија Либерални демократи, Шкотската национална партија, Демократската унионистичка партија, северноирскиот сојузник на Меј, како и кај десетици конзервативци, приврзаници на идејата за тврд Брекзит.

Соочена со опасноста од неуспех во Парламентот, Меј рече дека ако не биде усвоен нејзиниот план, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор, а тоа ќе доведе до сериозни последици за британската економија. Таа дури предупреди дека може воопшто да нема Брегзит.

Лабуристите рекоа дека ќе предложат гласање за недоверба, ако Меј не успее да го протурка текстот.

МИА