Британските пратеници формираа специјална група, која се фокусира на руското мешање, истакнувајќи дека мора повеќе да се направи за да се разбере дименизијата на „малигното влијание“ на Москва.
Во новата Руска координациска група членуваат лидерите на неколку влијателни парламентарни комитети, вклучително и надворешнополитичкиот и одбранбениот комитет.
Конзервативниот пратеник Том Тагендхат, претседавачот на групата, изјави дека Велика Британија треба да ги следи САД во воведувањето на санкции кон олигарсите и владините претставници, кои се поврзани со рускиот претседател Владимир Путин.
Велика Британија ја обвинува Русија дека користи дезинформациска кампања со цел да ја поткопа западната демократија и ја обвинува Москва за напад врз двоениот шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија.
МИА