понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Британско Министерство за одбрана: Русите испратија елитни десантни сили во Донбас

Британско Министерство за одбрана: Русите испратија елитни десантни сили во Донбас

Британското Министерство за одбрана утринава објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина во кој наведува дека Русија во последните две недели веројатно префрлила големи делови од своите воздухопловни трупи (ВДВ) на фронтот во источните региони Луганск и Доњецк.

– Од септември до октомври, повеќето од значително ослабените единици на ВДВ биле ангажирани во одбраната на окупираните територии западно од реката Днепар во регионот Херсон, се наведува во извештајот.

Британски разузнавачи наведуваат дека дел од десантните трупи се засилени со неодамна мобилизираните резервисти.

– Иако овој слабо обучен персонал веројатно ќе ги намали наводните елитни способности на ВДВ, Русија најверојатно ќе ги ангажира овие единици во секторите што ги смета за особено важни, велат тие.

Потенцијалните оперативни задачи на ВДВ вклучуваат поддршка на одбраната на областа Кремин-Сватова, во Луганск, но и зајакнување на офанзивните операции во правец на градот Бахмут во Доњецк, се наведува во извештајот. (МИА)