понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Британско МО: Илјадници милионери се обидуваат да ја напуштат Русија

Британско МО: Илјадници милионери се обидуваат да ја напуштат Русија

Скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската бизнис елита и заедницата, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот извештај за проценка на руско-украинската ситуација.

„Илјадници милионери сега се обидуваат да ја напуштат Русија. Со тоа што деловните и олигарските заедници ќе продолжат да си заминуваат, веројатно ќе се зголеми долгорочната штета, што војната веќе ја нанесе на економијата на земјата“, тврди британското Министерство.

„Апликациите за преместување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да си заминат“, се наведува во извештајот.