петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Брижит Макрон тужи две жени кои ширеле информации дека е родена како машко

Брижит Макрон тужи две жени кои ширеле информации дека е родена како машко

Првата дама на Франција, Брижит Макрон поднела тужба против две жени кои на интернет ширеле дезинформации дека првата дама е родена како машко, соопштија денеска извори блиски до судските органи.

Првото рочиште во таа постапка е закажано за 15 јуни, наведуваат истите извори.

Две жени, едната претставувајќи се како пророк, а другата како независна новинарка, пријавиле дека Брижит Макрон е трансродова личност.

Кон тужбата се приклучија братот и трите деца на првата дама, а се однесува на нарушување на приватноста и злоупотреба на фотографии. Веќе неколку месеци на социјалните мрежи се појавуваат информации според кои Брижит Макрон со моминско презиме Троње (Trogneux) е родена како машко и се викала Жан Мишел (Јean Michel).