понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бродска несреќа во Карипско Море, најмалку четворица загинати

Бродска несреќа во Карипско Море, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа, а 28 се водат како исчезнати откако потона брод кој превезувал патници од Венецуела кон островот Курасао.

На бродот имало 34 патници, а најмалку двајца успеале безбедно да допливаат до брегот.

Спасувачките екипи трагаат по преживеаните лица.

Инцидентот се случи во момент на зголемени тензии откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска нареди суспензија на трговијата со Курасао, Аруба и Бонер.